Црна хроника
Мигрант повреден од струен удар при обид да побегне со воз
Мигрант од Пакистан на возраст од 21 година преживеал струен удар при обид да побегне со воз во близина на Миравци.
Како што информираат од МВР, гевгелиската полиција синоќа по полноќ добила пријава дека во товарен воз на железничката станица во Миравци се наоѓаат мигранти.
Полицајци излегле на местото и утврдиле дека се работи за 20-ина мигранти од Пакистан, Авганистан и од Иран, при што ги симнале од возот.
Кога возот тргнал, двајца од мигрантите повторно се качиле по што 21-годишникот се доближил до електричниот вод и добил повреди од струен удар.
Со возило на брзата помош тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајци да влезат на имотот
Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување службени дејствија.
Вчера околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко.
Имено, тројцата агресивно се однесувале и попречувале полициски службеници при вршење службени дејствија кои давале асистенција на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Исто така, тие ги попречувале вработените во АХВ кои биле ангажирани за собирање на крупен добиток, а упатувале и закани кон неколку соселани. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
За 1.300 евра му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош
Вчера во СВР Скопје, 64-годишен маж пријавил дека е измамен за сума од 1.300 евра од Ф.А. од Скопје.
Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра.
По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1.000 евра, по што парите ги дал на женско лице.
Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
По пријава за гласна музика, двајца полицајци од Кочани истепале едно лице без причина
Полицијата поднесе кривична пријава против двајца полицајци за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 07.09.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба, неовластено употребиле физичка сила врз него и му нанеле телесна повреда.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

