Црна хроника
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, откако излетал од коловоз

На 23.8.2022 во 9>20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионалниот пат с. Подареш- с. Смиланци, во близина на место викано Бабин дол, С.С.(34) од с. Подареш, кој управувал мотоцикл „сузуки 750“ со швајцарски национални ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Почина 21-годишен осуденик: бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип со знаци на труење бил донесен осуденикот Е.А.(21) од Штип, кој по кратко време починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Пожар во куќа во Вевчани, нема повредени

Денеска во 08.45 часот, во куќа сопственост на Ф.Ќ. од Вевчани, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Црна хроника
Приведен 28-годишник од Гостивар: бил баран по потерница за издржување казна затвор

Вчера во 13.00 часот во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле 28-годишниот З.С. од Гостивар.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.