Црна хроника
Му дошол на гости, па пијани се степале
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/tepachka.png)
Синоќа во полициска станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци на улицата„Кочо Рацин“, В.К(62) од Богданци бил физички нападнат од Н.Т(60) од Богданци, додека бил на гости кај него и двајцата биле под дејство на алкохол.
МВР соопшти дека за случајот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
И кажале дека ќерка и прегазила дете па платила 50.000 денари: измамена скопјанка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/denari-1.jpg)
Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари.
Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Нападнат затвореник во штипскиот затвор
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/zatvorska-policija2.jpg)
Вчера од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 16.40 часот осуденикот Д.М.(35) бил физички нападнат од осуденикот Б.Х.Ј.(44) од Штип.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Кривична за стружанец поради кражба на струја во неговиот угостителски објект
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4779.jpg)
Полицијата поднесе кривична пријава против угостителски објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на фирмата, поради кражба на електрична енергија.
„На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија“, велат од МВР во дневниот полициски билтен.
На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари.