Црна хроника
Нападната жена пред казино во Велес
Триесет и деветгодишна жена била нападната синоќа пред казино на улицата „8-ми Септември“ во Велес.
МВР соопшти дека нападот го извршил Т.А.(40) од Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена пензионерка, со возило удрена во Скопје
На 08.10.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(44), удрило во пешакот З.Е.(72), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Дрвокрадци во Прилепско нападнале полицаец и со своето го оштетиле службеното полициско возило
Вчера кај место викано „Поводеници”, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати со две возила натоварени со дабови дрва за кои не поседувале документација. Притоа, тие физички нападнале еден од полициските службеници и со нивното возило го оштетиле службеното полициско возило.
Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен крадец во Гостиварско, следува пријава
Вчера во 17.20 часот во гостиварското село Вруток, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Вруток поради постоење основи на сомнение дека на 07.08.2024 одзел пари од касата во продажниот објект каде што работел.
Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.