Црна хроника
Нападнати четворица полицајци пред ноќен клуб во Прилеп
Прилепското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Осомничените прилепчани, на возраст од 31 и 28 години, на 3 април во раните утрински часови, пред ноќен клуб на улицата Рампо Левката во Прилеп, физички нападнале четири полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат чување на јавниот ред и мир.
Откако обезбедувањето на ноќниот клуб ги отстранило осомничените и уште две лица, бидејќи направиле инцидент расправајќи се меѓу себе, тие продолжиле со расправијата непосредно пред објектот. Потоа започнале и физички да се пресметуваат, па полициските службеници дошле пред објектот за да интервенираат.
Кога пристигнала полициската екипа и се легитимирала, двете други лица чиј идентитет не е утврден се дале во бегство, додека осомничените, кои биле во алкохолизирана состојба, почнале да даваат активен отпор и физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со раце и нозе.
Од задобиените удари еден полициски службеник паднал на земја, а обвинетите продолжиле со нозе да го удираат по телото и главата, со што му нанеле тешки телесни повреди.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходната постапка од Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи притвор во траење до 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.