Црна хроника
Насилство во Драчево: сопружници меѓусебно се обвиниле пред полицијата за напад
Мажот ја пријавил сопругата, но и таа него за насилство во скопската населба Драчево.
Се работи за лица на 33 и 39-годишна возраст.
Според пријавата на сопругата, тој ја нападнал во семејниот дом, додека од друга страна сопругот тврди дека тој бил нападнатиот, а жената по него удирала и со тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кумановец тепан од неколку лица во угостителски објект
Денеска во 2 часот во СВР Куманово, П.П.(31) од село Лопате, кумановско, пријавил дека околу 01:00 часот, пред угостителски објект во Куманово, бил физички нападнат од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Разбојник со пиштол ограби аптека во Аеродром
Вчера во 18:50 часот било пријавено дека во аптека на територија на општина Аеродром, едно лице со закана со остар предмет, од вработената одзело пари.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Колеги се тепале во Петровец
Завчера во 08.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден во 08:10 часот во објект во изградба во населбата Илинден, општина Петровец, во сопственост на правен субјект, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од својот колега М.З..
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.