Црна хроника
Натепан вработен во Општина Бутел на Качанички пат

Вработен во Општина Бутел бил нападнат од две лица на Качанички пат.
Станува збор за 33-годишник со иницијали М.Т. кој во времето на нападот вршел службени задачи како градежен извршител.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство во Струшко: кршел во домот и бил агресивен со семејството

Вчера во 15.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека, Д.М. од струшкото село Враништа, во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.
Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила.
На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Кривична пријава против охриѓани за лихварство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишната М.Д.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против 35-годишниот Љ.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.
Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари, кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид.
Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари.