Црна хроника
Неколку повредени во сообраќајна несреќа на локален пат во Тетовско

Вчера во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат од тетовски Бродец кон село Вешала се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишниот С.З. од село Бозовце и патничко возило „волво“ со италијански национални ознаки, управувано од 46-годишниот Х.В. од тетовска Мала Речица, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М.(42), сопатничка во возилото „голф“, додека двајцата возачи и сопатниците од возилото „волво“, Х.М., А.М., Х.Б. и К.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Тетово“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник нападнат во двор на средно училиште во Карпош

МВР информира дека вчера бил пријавен напад врз малолетник во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, Скопје.
Според пријавата, околу 13:15 часот неколку малолетници физички го нападнале ученикот, при што бил употребен и тврд предмет. Настанот го пријавил таткото на нападнатиот, К.Р. (40) од Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка на паркинг кај „Мајка Тереза“ по сообраќајна несреќа

Вчера и околу 09:00 часот на паркинг простор во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од с. Џепчиште, тетовско, информира МВР.
Настанот бил пријавен во 11:50 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Четири тешки сообраќајни несреќи во земјата, повредени повеќе лица

На 22 септември во земјава се регистрирани четири сообраќајни несреќи во кои тешко се повредиле повеќе лица, информира МВР.
Скопје, ул. Александар Урдаревски
Во 07:35 часот се судриле патничко возило „пежо 307“, управувано од М.К. (46) од с. Кучевиште, и мотоцикл управуван од А.К. (23), исто така од Кучевиште. Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди неговиот сопатник Н.Д. (22). Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Скопје, ул. Призренска
Во 13:00 часот се случила несреќа помеѓу товарно возило „опел“, управувано од А.Б. (34) од Скопје, и мопед управуван од И.А. (48) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во „Мајка Тереза“.
Охрид, ул. 7 Ноември
Во 18:25 часот мопед управуван од М.Р. (18) од Охрид се судрил со патничко возило „ауди“, управувано од И.Е. (23) од с. Велгошти. Со тешки телесни повреди се здобил малолетникот возач на мопедот и неговата сопатничка М.Н., пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“.
Регионален пат Велес–Градско, кај Ногаевци
Во 05:45 часот трактор „имт 533“ без регистарски таблици, управуван од Д.П. (67) од с. Ногаевци, се судрил со „фолксваген голф“, управуван од Ѓ.Т. (71) од Велес, и „форд“ управуван од Р.К. (43) од Неготино. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди сопатникот од „голфот“ Д.А. (74) од Велес. Повредените се пренесени во Општата болница Велес.
За сите несреќи извршени биле увидни постапки од екипи на соодветните полициски управи.