Црна хроника
Не застанал на знакот за запирање, излетал од патот, па нападнал полицаец: уапсени двајца од Штипско, во нивното возило пронајдени 23 мигранти
Вчеравечер, во 20.30 часот, на улицата 8 Септември во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода 18-годишниот А. И. од село Стар Караорман, Штипско, и 18-годишниот Т. Ј. од Штип затоа што во товарното возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А. И., а сопатник бил Т. Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници, извести МВР.
„Имено, околу 20.05 часот, на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А. И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на улицата 8 Септември излетал од патот и со возилото паднал во ископ. Притоа повреди добил еден малолетник, констатирани во болницата во Велес“, соопшти МВР.
При приведувањето А. И. физички нападнал полициски службеник. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

