Црна хроника
Нова кривична пријава за ексградоначалникот на Василево
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 51-годишниот В.С. од село Едрениково, општина Василево и 45-годишниот Л.Н. исто така од село Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
„Во периодот од 27.02.2014 до октомври 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Василево, спротивно на Законот за изменување и дополнување на законот за јавните претпријатија, донел пет решенија за именување на второпријавениот за вршител на должноста директор на ЈПКД ‘Турија’ – Василево, и покрај тоа што не ги исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место“, се наведува во соопштението на полицијата.
На 21 ноември 2016 година второпријавениот, како што додаваат од МВР, како вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, спротивно на Законот за административните службеници, изготвил и потпишал решение за распоредување на јавен службеник на раководно работно место во наведеното јавно претпријатие, кој не ги исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
13-годишно дете нападнато во Карпош, полицијата го истражува случајот
Во полицијата било пријавено дека 13-годишно момче било физички нападнато од четворица малолетници на подрачјето на Карпош, соопшти полицијата.
Во пријавата се наведува дека нападот се случил околу 14:30 часот, а малолетниците, кои биле познати на семејството, физички го нападнале момчето, при што еден од нив употребил и тврд предмет.
По нападот, како што се наведува, на малолетникот му биле упатени и закани поврзани со неговите двајца браќа.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Измама во Тетово: Двајца пријавени за земање пари за лажно посредување во Центарот за социјални работи
Две лица од Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело – измама.
Според полицијата, настанот се случил во октомври 2024 година, кога Х.А. (58) довела во заблуда лице од Тетово, уверувајќи го дека може да му помогне со посредување во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, со цел тој и неговата сопруга да остварат надомест за помош и нега од друго лице.
Откако го уверила оштетениот дека ќе ја заврши постапката, заедно со С.Р. (51) од него побарале потребни документи и парични средства. Подоцна, барањето за надомест било одбиено, а парите, како што се наведува, не му биле вратени.
По преземените мерки, СВР Тетово поднела кривична пријава, а случајот е доставен до надлежните институции за понатамошно постапување.
Црна хроника
Насилство во теретана во Тетово
Четири лица од Тетово се опфатени со кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти СВР Тетово.
Според полицијата, на 17 август 2025 година, во еден фитнес-центар во Тетово, а потоа и надвор од објектот, Б.А. (28), Б.А. (33), Х.Б. (19) и М.Ш. (33) физички го нападнале А.И. (32) од Тетово, при што му биле нанесени телесни повреди.
Фото: unsplash

