Црна хроника
ЦУК: Нова сообраќајка во тунелот кај Катланово, сообраќајот е затворен
Нова сообраќајна несреќа се случи денес во тунелот пред Катланово, поради што во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, објави Центарот за управување со кризи.
„Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека во моментот поради сообраќајна незгода во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје“, стои во известувањето од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во истиот тунел пред неколку дена се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа товарно моторно возило и мотоциклист кој загина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени мажи во Ресен, Кичевско и во Богданци: возеле пијани и со брзина поголема од дозволената
Вчера во 23:40 часот на улицата „Ј.Јосифовски“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода А.Г.(40) од село Јанковец, ресенско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 12:22 часот во село Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од село Велешта, струшко.
При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.
Ноќеска во 00:16 часот на улицата „Маршал Тито“ во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.М.(54) од Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,86 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, при преглед кај него и при престрес на домот пронајдени два килограма марихуана
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улицата „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје.
При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана.
По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.
С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.

