Црна хроника
Ограбен малолетник среде бел ден во Центар

На 24.02.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје Б.С.(46) од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот на подрачјето на Центар четири лица физички го нападнале неговиот малолетен син и со закана му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава за вработен во УЈП, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’.
На 21.01.2025, пријавениот – вработен во регионалната дирекција на УЈП – Тетово, искористувајќи ја својата положба и овластување, го известувал менаџерот во казино во Тетово и оддавал службени информации за планираните контроли во казиното.
Црна хроника
Кривична пријава против четворица охриѓани за сторено кривично дело лихварство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.С.(34), А.Б.(28), Е.Б.(30), Н.Ј.(33), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „лихварство“ по член 260 од кривичниот законик.
Во периодот од 2021 до 2024 година, пријавените во повеќе наврати на лице од охридско, преку неговата невенчана сопруга, му давале пари на заем, а после тоа договарале за себе несразмерна противправна имотна корист и со присилба им изнудиле вкупно 17.990.000 денари.
Парите, освен што биле уплаќани на сметките на пријавените, биле уплаќани и на сметките на други лица.
Црна хроника
Приведен крадец во Битолско, одзел нафта и масло од фирмата во која работел

Вчера во 22.30 часот во с.Живојно, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија го лишиле од слобода Т.Н.(42) од с.Живојно поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и член 242 од Кривичниот законик.
При контрола на патничко возило „шкода“ без регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени повеќе пластични туби со нафта и масло за машини за кои постои сомнение дека ги одзел во фирмата во која работи.
Возилото и тубите биле одземени, а лицето било предадено во СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.