Црна хроника
Отворена истрага за обид за убиство во селото Арнакија
Скопското Обвинителство отвори истрага против едно лице за обид за убиство во селото Арнакија.
На 30 август минатата година осомничениот пред кафе-бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да убие едно лице. Според информациите од Обвинителството, тој заедно со уште едно лице застанал со автомобил „фолксваген голф“ на автобуската станица во селото и почнале вербална расправија со трето лице, кој е сведок во истрагата.
Двајцата излегле од возилото држејќи пиштоли во рацете по што сведокот почнал да бега. Оштетениот го видел настанот и се обидел да ја смири ситуацијата повикувајќи ги да застанат. На ова осомничениот испукал кон него 3-4 проектили од пиштолот и му нанел три огнострелни повреди.
Повредениот почнал да бега, а осомничениот се впуштил кон него и испукал уште неколку проектили, но не успеал да го погоди. Кога на местото се собрале и поголем број други луѓе, двајцата вооружени побегнале. По настанот, осомничениот повеќе од четири месеци бил недостапен за органите на прогонот.
Бидејќи постојат околности што упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори или да го доврши кривичното дело, како и да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.