Црна хроника
Отворена истрага за скопјанец, кој без дозвола поседувал оружје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Пронаоѓањето на оружјето следувало откако осомниченот бил лишен од слобода од полициски службеници поради нарушување на јавниот ред и мир. Притоа тој почнал вербално да се заканува дека ќе употреби огнено оружје. Оружјето, пиштол ZORAKI M 906-B и 30 куршуми, кои осомниченото лице ги поседувало без дозвола, при извршен претрес биле пронајдени во помошни простории во домот каде што тој живеел со своите родители.
Заради обезбедување непречено водење на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост ,и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, задолжително јавување пред надлежен орган и привремено одземање на патната исправа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.