Црна хроника
Откриена измама со огревно дрво – пријави за три лица

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Н.С. (49) од дебарското село Мал Папрадник поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело несовесно работење во службата, М.А. (51) од тетовското село Желино за казненото дело соизвршителство и против А.К. (23) од струшкото село Велешта за казненото дело фалсификување и уништување деловни книги.
Првопријавениот вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми – Стогово“ како референт овластен да издава испратници и да жигосува дрва, му овозможил на второпријавениот, во негово отсуство, неовластено да жигосува огревно дрво бука во количина од 24 просторни метри. Третопријавениот, како управител на фирма, иако знаел за нивниот меѓусебен договор, сепак издал испратницата за транспорт на дрвата со невистинита содржина и со печат од фирмата ги заверил потребните документи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.