Црна хроника
Откриени два случаи на криумчарење мигранти
Во текот на вчерашниот ден (18.10.) во два одвоени случаи полициски службеници при Отсек за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Куманово при Регионален центар за гранични работи Север (ОПКМСР Куманово) и полициски службеници од ОВР Делчево открија случаи на криумчарење мигранти при што три лица биле лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Имено во првиот случај вчера во 10,40 часот во Делчево пред правен субјект на булевар „Македонија“ полициски службеници од ПО за БПС Делчево лишени од слобода се лицата Л.П.(22) и К.Ѓ.(23), двајцата од Делечево кои со две патнички моторни возила превезувале шест мигранти (тројца од Мароко и тројца од Тунис). За настанот бил известен надлежен ЈО од ОЈО за ГОКК Скопје.
Во вториот случај во 12,30 часот на бензинска пумпа во Куманово во товарно моторно возило марка „Даф“ со приколка со национална ознака на Р. Србија, управувано од Н.Ф.(43) од Р.Србија од страна на полициски службеници од ОПКМСР-Куманово биле откриени четири лица мигранти – две од Индија и по едно од Сиера Леоне и од Сирија, по што за настанот бил запознат ЈО од ОЈО за ГОКК-Скопје, и согласно насоките на надлежното обвинителство се работи на расчистување и на овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

