Црна хроника
Охриѓанец му ја кршел шофершајбната на друг возач по судир

Сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата 15 Корпус во Охрид.
„Г.Н.(37) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вториот учесник во незгодата, Г.К.(71) од Охрид, по што го оштетил предното возачко стакло од неговиот автомобил. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Планинари од Германија и од Холандија се изгубиле на границата со Косово

Двајца планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата помеѓу Македонија и Косово.
Според информациите на МВР, вчера во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Македонија и Република Косово се изгубиле две лица- државјани на Германија и Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.
Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Црна хроника
Малолетник во Скопје објавил фотографии со експлицитна содржина од девојката

Малолетник во Скопје објавил фотографии со експлицитна содржина од неговата девојка откако нејзината мајка и забранила да се гледа со него.
Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка добивала закани од малолетник, со кој била во љубовна врска, а откако му кажала дека таа ѝ забранила да се гледа со него, на социјални мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбени маркети во Чаир и на Бит-пазар, разбојниците се заканувале со нож

Два маркети се ограбени во текот на вчерашниот ден во Чаир и на Бит Пазар.
Според информациите на МВР, вчера во 21.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет.
Малку подоцна, во 21.59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.