Црна хроника
Оштетен гроб во Скопско

Вчера вечер, во 22.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на гробиштата во атар на село Пагаруша, скопско, неколку лица оштетиле гроб, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар

Турски државјанин се самозадоволувал пред девојки во хостел во Центар.
Според информациите на МВР, вчера во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет.
Кај него бил пронајден остриот предмет, а тој бил задржан во полицискa станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Топ
Уапсен 71-годишен маж, предизвикал два пожара во Демиркаписко

Полицијата уапси 71-годишен маж кој предизвикал пожари во Демиркаписко.
Според информациите на МВР, вчера во 18 часот полициски службеници го уапсиле Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари.
Имено, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади.
Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина.
Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Велес, уапсени две лица, пронајдена дрога и куршуми

Полицијата најде дрога и куршуми во Велес, а за случајот се уапсени две лица.
Според информациите на МВР, вчера во 20.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.К.(46) и М.Т.(44), двајцата од Велес.
Тие биле забележани од полициски службеници во моментот кога М.Т. му продавал пакување со прашкаста материја на С.К..
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Т., при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, пакување со грутчеста материја, три куршуми калибар 9мм, една дигитална вага и пари.
По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.