Црна хроника
,,Пајакот” собрал 90 возила за еден ден
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди од кои осум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и седум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 10 лица се здобиле со телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 15 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца поради непоседување пропишана зимска опрема, осум поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 122 мандатни платни налози и 90 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.