Црна хроника
Пензионер од Гостивар нападнал сограѓанин

Приведен е 71-годишен гостиварец, поради напад врз 64-годишно лице.
„На 30.10.2022 во 15:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 71-годишниот гостиварец Х.М. затоа што околу 14:00 часот пред семејната куќа во Гостивар физички го нападнал 64-годишниот А.М.. Според пријавеното, во нападот Х.М. користел и остри предмети со кои го повредил А.М“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во дом на полицаец од Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето странски државјани

Полицаец од Тетово е осомничен дека правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани.
Според информациите на МВР, вчера е извршен претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски државјани со печат од МВР, еден куршум, записници за сторен прекршок, платни налози, како и лични документи од странски државјани.
По документирање на случајот, против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен возач во Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач во Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол.
Според информациите на МВР, вчера во 12.14 часот полициски службеници на ул. „Маршал Тито“ во Македонски Брод го лишиле од слобода З.С. (56) од с.Горни Манастирец, Македонски Брод.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фиат” со регистарски ознаки од Македонки Брод, кое З.С. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно биле измерени 2.66 промили алкохол во крвта.
З.С. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичен законик- “безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа во Струшко

Вчера во 18.30 часот, во Полициската станица Струга е пријавено дека, во селото Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од селото Лабуништа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.