Црна хроника
Пет лица повредени, од кои две деца во сообраќајка во Горно Лисиче
Пет лица се здобиле со повреди во сообраќајка несреќа што се случи вчера на крстосница од улиците Горно Лисиче Лисец во скопската населба Горно Лисиче,
Во несреќата учествувале Форд“, управуван од А.К.(24) од Скопје и „фиат“, управуван од С.К.(33) од Скопје.
„Возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички М.К.(31) и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: при претрес во неговиот дом во Кисела Вода пронајдена дрога
Вчера во 21:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Л.Б. од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.

