Црна хроника
Планинарот што исчезна кај Велес е најден починат

Најден е починат планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа исчезна на ридот ГРООТ.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше за смртта на планинарот, но засега нема информации за причините кои довеле до тоа.
„Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели. Утрово немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР“, рече Ангелов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.