Црна хроника
Повредени двајца работници – машина паднала врз нив
Двајца работници се повредени откако машина паднала врз нив. Според полицијата, вчера околу 19:30 часот во приватна фирма на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, Е.М. (37) од Скопје со виљушкар се доближил до товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со цел да се истовари машина што била во камионот.
Ја товариле машината во виљушкарот и ја врзеле со колан. Откако го паркирал виљушкарот, се доближиле двајца возачи од друга приватна фирма. При обид да ја истовараат, машината паднала врз нив. Со возило на Итна медицинска помош Н.И.(43) од тетовското село Требош е префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Вториот возач – С.С. (60) од селото Мала Речица е префрлен во Градска општа болница „8 Септември“ и кај него биле констатирани тешки телесни повреди. И двајцата биле задржани на понатамошно лекување. За настанот бил известен Државен инспекторат за труд. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.