Црна хроника
Повредени неколку лица во сообраќајна несреќа во Гостивар

Вчера напладне, на крстосницата на улицата 101 со улицата ЈНА во Гостивар, се случила сообраќајна незгода, во која повредени се неколку лица, меѓу кои и 13-годишна малолетничка.
Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „хјундаи санта фе“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А. А. (46) од Гостивар, и патничко моторно возило „рено трафик“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С. Х. (40) од Гостивар.
„Во незгодата тешки телесни повреди добил возачот С. Х., а телесни повреди добиле две сопатнички од возилото ‘хјундаи санта фе’, Д. А. (44) и 13-годишна малолетничка и уште две сопатнички од другото возило, С. Б. (39) и С. М. (61), сите од Гостивар. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување лекарска помош“, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.