Црна хроника
Повредени четири лица во тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор во Скопје

Четири лица завршија во болница со повреди, од кои две се потешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата Перо Наков.
Во несреќата учествувале мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И. Д. (32) од Скопје, и патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. П. (32) од Куманово. Во незгодата мотоциклистот и сопатникот В. С. (31) од Скопје добиле тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добиле Д. П. и сопатничката од истото возило – Н. П. (33) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Девојка од Чаир пријавена за исчезната, по една недела пратила порака дека е во Србија

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија.
Црна хроника
Го уценувал и му барал пари: адвокат во Скопје физички нападнат од едно лице

Адвокат од Скопје пријавил напад на работното место.
– На 26.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од К.А., кој го уценувал и му барал пари, стои во билтенoт на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во куќа во Петровец

Вчера во 21.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.55 часот во с.Петровец, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на Т.Т.(82) од с.Петровец.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид.