Црна хроника
Пожар во објект на Кајакарската федерација на Матка
Пожар во објект на Кајакарска федерација на Македонија во село Долна Матка бил пријавен во вечерните часови на 21 март.
Како што информираат од МВР, во пожарот била зафатена покривната конструкција од објектот.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил целосно локализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Млад скопјанец пријавен за обљуба врз малолетничка, делото го извршувал во повеќе наврати
Полицијата поднесе кривична пријава против 19-годишен жител на Скопје поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка.
Како што информира МВР, делото било извршено во повеќе наврати, во периодот од октомври до декември 2024 година во Скопје.
Црна хроника
Работник нашол човечки коски кај студентскиот дом „Стив Наумов“ додека копал со багер
Работник од Пехчево пронашол коски кои наликувале на човечки при извршување ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба.
Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена во текот на вчерашниот ден од 39-годишниот Г.Ј. од Пехчево, кој ги извршувал работите во близина на старите гробишта.
По насоки на јавен обвинител, пронајдените коски се подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Фото: илустрација
Црна хроника
Тројца тешко повредени во сообраќајки во Скопје и Битола
Тројца граѓани се здобиле со тешки телесни повреди во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле на 24 октомври во Скопје и Битола, соопшти МВР.
Во 19:15 часот во скопското село Марино, на крстосницата од улиците „532“ и „531“, се судриле патничко возило „Тојота Рав 4“ управувано од 63-годишниот Г.Т. од Марино и мопед со кој управувал 32-годишниот С.Г. од Скопје. Мопедистот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Неколку часа порано, во 17:42 часот, на регионалниот пат Битола–Новаци, патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски таблички, управувано од 48-годишниот Ј.С. од Битола, излетало од коловозот. Возачот е тешко повреден и е хоспитализиран во битолската Клиничка болница.
Во уште една несреќа, што се случила во 10:30 часот во Скопје, на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Вера Јоциќ“, автомобил „Фолксваген Голф“, управуван од 65-годишната С.М., удрил во пешак – 76-годишната Ш.П. од Скопје, која со тешки повреди е пренесена во „Мајка Тереза“.
Во сите случаи увид извршиле екипи од Секторите за внатрешни работи во Скопје и Битола, а полицијата работи на целосно расчистување на околностите на несреќите.

