Црна хроника
Пожар избувна во куќа во Прилеп, нема повредени
Пожар избувна на полноќ во куќа во Прилеп. Како што информира полицијата, околу 00.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на улицата Андон Славејко, во куќа сопственост на Б.К., избувнал пожар.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени нема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Возрасен маж нападнал 12-годишно дете без причина на улица во Скопје: го тепал со тупаници и клоци и му се заканувал со нож
Педесет и тригодишен скопјанец нападнал 12-годишно дете во Скопје. Тој го тепал детето со тупаници и клоци, а извадил и нож. Напаѓачот избегал со мотор, а детето било пренесено во Ургентен центар.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете.
Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете.
Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото.
Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.
Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак детето било пренесено во Ургентниот центар.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.
Црна хроника
Претрес во Гостиварско, пронајден пиштол, приведено едно лице
Вчера во 03:50 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода 35-годишниот А.Ш. од село Добридол.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол „Екол“ со една празна рамка.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена 33-годишна албанска државјанка: при претрес во Тетово пронајдена марихауна
Вчера во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода 33-годишната Е.К. од Албанија, со престој во Тетово.
При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана.
Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

