Црна хроника
Полицаец ја уценувал и ја нападнал поранешната љубовница

Тетовчанка пријавија во полиција дека е уценувана и физички нападната од полицаец, со кој имала љубовна врска. Таа вчера во 15 часот во Полициската станица Тетово, пријавила дека била уценувана и физички нападната од полициски службеник во Полициското одделение Камењане, поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него.
Според пријавата, жената ја прекинала врската со полицаецот пред една година и оттогаш одбивала да се сретне со него. Пред една недела, додека била во угостителски објект, тој дошол и се заканил дека ќе ги објави нивните заеднички фотографии и видеа и дека ќе каже на нејзиниот татко и нејзииот сопруг дека му била љубовница.
Во текот на вчерашниот ден околу 12.50 часот, додека жената била на работа, дошол полицаецот и физички ја нападнал. За случајот веднаш е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.