Црна хроника
Полицајци завршија во болница – ги нападнале дрвокрадци во Велес, едниот им се заканил со моторна пила

Четворица велешани, од кои еден малолетник се приведени откако вчера нападнале тројца припадници на шумската полиција.
Приведедените се на возраст од 18,36 и 57 години, а со нив било и детето.
Според пријавеното, на земјен пат од езерото Младост кон селото Ветерско, велешко, додека тројцата полицајци вршеле службени задачи, ги затекнале четворицата дрвокрадци, по што биле физички нападнати од нив.
„Б.З. (едниот од дрвокрадците) користел и остар предмет и им нанел повреди на З.З. и Б.К. (шумска полиција), констатирани во болницата во Велес. додека В.В. (18-годишникот) се заканувал со вклучена моторна пила, како и С.З. и малолетното лице кои држеле дрвени предмети.
Напаѓачите потоа заминале со автомобил, но подоцна биле приведени и задржани во полициска станица.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава.
Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово и поради сомнение за стоирен прекршок биле одземени патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки управувано од М.В.(20) од село Долнени, прилепско и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(21) од Тетово.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на слуајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Топ
Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци.
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, ја пренесуваат информацијата од ТППЕ Кавадарци дека од 09.24 до 10.10 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило гаснеле запалена плинска боца во куќа на ул. „Страшо Пинџур“ бр. 37 во Кавадарци, при што на местото на пожарот било пронајдено машко повозрасно лице кое најверојатно се задушило.
Присутни биле и екипи на итна медицинска помош кои констатирале смрт на лицето со возраст од 78 години.
Црна хроника
Пронајдени мигранти од Кина и Авганистан, уапсени двајца криумчари

Синоќа во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.
Притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 – годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото.
Набргу, по преземени мерки и активности, а поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – Б од Кривичниот законик, исто така, во близина на граничната линија биле лишени од слобода Д.Т.(32) и 49 – годишната В.Т., двајцата од Гевгелија.
Во нивна близина биле пронајдени мобилни телефони кои биле подигнати за понатамошна постапка, а тие биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.