Црна хроника
Полицискиот час го прекршиле 28 лица

Синоќа, констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија за мерката носење лична заштита на лицето регистрирани се 566 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Хаос во скопско казино: нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното.
„Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Прегазен пешак на автопатот Скопје-Тетово

Синоќа на автопатот Скопје-Тетово, автомобил „пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.С.(37) од Скопје, удри во пешакот Ј.Р.(71) од селото Врапчиште, гостиварско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.Р., констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза.
Извршен бил увид.