Црна хроника
Полицискиот час го прекршиле 72 лица, шестмина не ја почитувале целосната забрана во Куманово
Изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, на територијата на целата држава полицискиот час го прекршиле вкупно 72 лица, при што биле приведени 59 од нив, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На подрачјето на Куманово, каде што имаше целосна забрана за движење за време на викендот, регистирани се шест прекршувања на мерката.
Според статистичките податоци, изминатото деноноќие (5/6 април) на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека, пак, 55 лица потпишале изјави за самоизолација.
Истовремено полицијата извршила контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

