Црна хроника
Полициски претрес во дом на скопски дилер

Двајца скопјани, М. Д. (33) и Д. М. М. (35), во вечерните часови на 10 декември, кај крстосницата меѓу селата Петровец и Долно Коњари, биле уапсени поради нелегално поседување марихуана.
По преземените мерки и во согласност со судска наредба, синоќа бил извршен претрес и во домот на Д. М. М., при што исто така била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривично ќе се гонат полицаец и началник од кумановската полиција за неколку дела

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Ј. и Д.Ј., двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1, „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и „спречување на докажување “ по член 368 став 1 од Кривичниот законик.
Првопријавениот А.Ј.. – полициски службеник во СВР Куманово, наместо да поднесе кривична пријава против лице од Скопје за кривично дело „фалсификување на исправа“ поради извршена промена на идентификационен број на шасија на патничко возило „бмв“, кое било одземено од полициски службеници на граничен премин Табановце, на 25.12.2024 изготвил потврда за вратени предмети и на лицето од Скопје му го вратил одземеното возило, сообраќајната дозвола и клучот од возилото. На 06.02.2025 првопријавениот сочинил и потпишал известување до ОЈО Куманово, кое го потпишал и одобрил второпријавениот Д.Ј. – началник на првопријавениот, каде доставиле потврда за вратени предмети, во која првопријавениот внел податоци за наведеното возило со променет идентификационен број на шасија и на тој начин овозможиле противправна имотна корист за друг во износ од 7.640 евра или во денарска противвредност од 469.860 денари.
Исто така, на 18.08.2023 првопријавениот доставил известување до ОЈО Куманово, кое го одобрил второпријавениот во својство на началник на Одделението за криминалистичка полиција, а во врска со пријавено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, кое се случило на 15.06.2023 од сторител од Куманово. Имено, при преземање мерки за расчистување на делото била пронајдена една пушка и бил сочинет записник и фото документација. Првопријавениот не известил надлежен јавен обвинител и во наведеното известувањето до ОЈО Куманово не ја доставил пушката, записникот за пронајдени предмети и не побарал наредба од јавниот обвинител за вештачење на пронајденото оружје, со што од страна на ОЈО Куманово овозможил да биде запрено гонењето на сторителот, односно пријавените службени лица злоупотребувајќи ја својата положба со неизвршување на својата службена должност, спречиле докажување на предметното кривично дело, со што потешко ги повредиле правата на оштетените пријавители на кривично дело „предизвикување општа опасност“. спречил докажување на предметното кривично дело и ги повредиле правата на оштетените.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе бидат суспендирани од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Директор на основно училиште во Струшко фалсификувал сертификат за познавање странски јазик

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.М.(40) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавениот, директор на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор.
По извршени проверки, добиен е одговор дека лицето не е регистриран во базата на податоци и евиденции во филијалата.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца лихвари од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари.