Црна хроника
Полицијата, една недела подоцна, врши проверки на жителите на “Вуковарска” каде беше пронајден експлозив
Скопската полиција ги распрашува и заведува имињата на целото соседство, откако во подрум од зграда на улицата “Вуковарска”, во неделата, пронајде експлозив и експлозивни направи.
Жителите на “Вуковарска” се изненадени и зачудени од постапувањето на полицијата, бидејќи тие одат од стан до стан и бараат да се заведат имињата на станари. Она што особено ги збунува е времето на заведувањето, бидејќи тоа се случува една недела по извршената заплена.
Министерството за внатрешни работи не соопштува ништо за дополнителните проверки. Оттаму, во понеделникот беше потврдено дека имало заплена на експлозивни материјали, но не беше прецизирано што точно било пронајдено и одземено.
Инаку, просториите од каде е подигнат експлозивниот материјал е во сопственост на братот на поранешната пратеничка Ермира Мехмети, но со оглед на тоа што тој има проблеми со видот, полициската акција беше протолкувана како одмазда кон екс-пратеничката или кон нејзиниот друг брат кој, пак, е познат граѓански активист и учесник во “Шаренара револуција”. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.