Регион
Поранешен полицаец ги убил 12-годишниот син, сопругата, па се самоубил: Откриен мотивот за семејната трагедија во Подгорица

Црна Гора ја потресе страшна семејна трагедија.
Синоќа околу еден час по полноќ М.Д.(51) од Подгорица со огнено оружје ги убил сопругата В.Д.(49) и неговиот 12-годишен малолетен син, а потоа се самоубил.
Како што пишуваат црногорските медиуми, М.Д е пензиониран службеник на Полициската управа.
-Истрагата на лице место ја спроведе државен обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица со учество на балистички експерти и службеници на Одделението за безбедност во Подгорица. М.Д бил пензиониран вработен во Полициската управа, а В.Д.- воспитувач – соопштија од Полициската управа.
Според засега достапните информации, пиштолот кој бил употребен како средство за извршување на ова дело бил во приватна сопственост. На лице место се пронајдени уште две огнени оружја, за кои полицијата ќе утврдува дали ги поседува законски.
– Според податоците со кои располага во моментов Управата на полицијата, се сомнева дека мотив за извршувањето на ова дело е наталожената состојба предизвикана од здравствената состојба на член на семејството, момчето кое беше лишено од живот – стои во изјавата на констатира Управата на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија може да му дозволи на Путин да прелета над земјата за да се сретне со Трамп во Будимпешта

Авионот што го превезува рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие права за прелет над Бугарија, за да може рускиот лидер да присуствува на состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, според министерот за надворешни работи Георгиев, објави државното радио.
„Доколку има напори за постигнување мир, ако тоа е услов за одржување на состанок, тогаш најлогично е да се овозможи состанок од ваков тип на изводлив начин“, рече Георгиев, според извештајот.
Георгиев зборуваше на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Една можна воздушна рута од Москва до Будимпешта ги опфаќа Црното Море, Бугарија и Србија, но бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони од инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Други рути се протегаат на север, низ Белорусија и Полска или преку Балтичкото Море, Германија и Чешка. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се задолжени за подготовка на самитот Путин-Трамп, разговараа во понеделник, објави руското Министерство за надворешни работи.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница по Путин, а Унгарија е во процес на повлекување од таа меѓународна институција.
Москва го отфрла обвинението на МКС и ја прогласува потерницата по Путин за доказ за непријателството на Западот кон Русија.
Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад, е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува „Нова.рс3.
Жената е затекната само на 50 метри од местото на кое е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
View this post on Instagram
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми.
Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се судрил со автомобил, излетал од патот и удрил во столб од далновод.
Едно лице почина на местото на настанот, додека две лица беа тешко повредени и префрлени во Општата болница во Чачак. Лекарите моментално вршат дијагностика, а еден од повредените е на скенер, објави српски Телеграф.
Снимките од местото на настанот покажуваат дека несреќата била ужасна.
фото: принтскрин