Црна хроника
Поранешна љубовница барала од скопјанец 13.000 евра за да не објави за нивната врска
Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против битолчанка на возраст од 34 години, која се товари за сторено кривичното дело уцена.
Како што информираат од Обвинителството, во периодот од 15 јануари до 11 март битолчанката во повеќе наврати му се јавувала на оштетениот со кого претходно била во љубовна врска барајќи пари со уцена дека доколку не ѝ ги даде парите, таа ќе испрати компромитирачки фотографии од него на неговото семејство и ќе ги објави на социјалните мрежи.
Продолжувајќи со истите закани и уцени, на 10 март годинава обвинетата му се јавила оштетениот преку апликациите „Вибер“ и „Вацап“, при што побарала од него следниот ден, на 11 март, да ѝ донесе 1.200 евра во хотел во Скопје, а остатокот од побараните 13.000 евра да ѝ бидат исплатени дополнително.
По преземање мерки и претходна обработка на паричните средства, обвинетата била уаспсена во моментот кога ги зела бараните пари од оштетениот.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.