Црна хроника
Почина 19-годишник од Теарце, со мотоцикл удрил во трактор
На 14.7.2022, во 17 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во с. Слатино, Тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, без регистарски таблички, управуван од Л. Ш. (19) од с. Теарце, Тетовско, и трактор со приколка, без регистарски таблички, управуван од А. С. (60) од с. Слатино, Тетовско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Клиничкиот центар во Тетово, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.
Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Дебар: на државна парцела неовластено изградил деловен објект
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.З.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење“.
Тој, на катарстарска парцела во Дебар во државна сопственост, спротивно на Законот за градба, неовластено изградил деловен објект.
Црна хроника
Извадил пушка пред адвокатска канцеларија во Кичево и се заканувал: уапсен маж од кичевско
Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е 47-годишниот Ф.Б. од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице.
Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Трагедија кај Македонски Брод: Загина 41-годишна жена во сообраќајка, меѓу повредените и 6-годишно дете
Трагична сообраќајна несреќа вчера попладне го однесе животот на 41-годишна жителка од Кичево. Според извештајот на полицијата, несреќата била пријавена во 14:41 часот на локалниот пат кон селото Русјаци, во општина Македонски Брод.
Патнички автомобил „цитроен“ со кичевски регистарски таблици, којшто бил управуван од К.С.С. (41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од тешките повреди здобиени од ударот, 41-годишната кичевчанка загинала на самото место на настанот.
Лекар од медицинската помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е пренесено на обдукција.
Во несреќата телесни повреди здобиле и тројца сопатници во возилото: С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, сите жители на Кичево. Повредените лица се преземени во Општата болница во Прилеп. Нивната здравствена состојба во моментов не е позната.
На местото на пристигнала увидна екипа на СВР Битола.

