Црна хроника
Превезувал дрва, не можел да докаже од каде се – приведен кичевец

Вчера, околу 13 часот, на улицата Илинденска во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 60-годишниот В. П. од кичевско Тајмиште.
„Тој со товарно моторно возило „фап“, со охридски регистарски ознаки, превезувал огревни дрва без потребните документи“, велат од МВР.
В. П. е задржан за документирање на случајот, а возилото со потврда му е одземено за натамошна постапка и ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Татко на синовите им се заканувал со нож, син ја нападнал мајка си – семејно насилство во Скопје

Два случаи на семејно насилство се регистрирани вчера во Скопје.
Нешто пред полноќ, 24-годишен маж од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на општина Аеродром, неговиот татко И.Т.(54) со остар предмет упатувал закани кон него и неговиот 26-годишен брат.
На подрачјето на Ѓорче Петров, пак, полицијата го приведе Б.Л.(28) од Скопје, по претходна пријава дека околу 12.00 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
МВР ги расчистува случаите.
Црна хроника
Пожар во Дебреше во дом на притвореник за убиство, најден пиштол

Пиштол бил најден за време на гаснење на пожар во куќа. Горел вториот кат, а во моментот во домот немало никој.
Се работи за куќа во селото Дебреше, која е во сопственост на Б.В. кој моментално издржува мерка притвор во затворот во „Шуто Оризари“ за убиство, соопшти МВР.
Пожарот избувнал утринава два часа по полноќ, а на терен излегле полицијата и пожарникарите. Бил локализиран еден час подоцна.
Во текот на денот ќе се врши увид.
Црна хроника
Скопјанка нападнала две лица по сообраќајно недоразбирање во Карпош

На подрачјето на Карпош, вчера по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир.
Како што објави МВР во дневниот полициски билтен, полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека Е.Ѓ.(29) агресивно се однесувала, удирајќи по патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ј.Б.(39) и сопатникот Е.Ѓ. (29) сите од Скопје, при што физички ги нападнала.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.