Црна хроника
Претреси во Свети Николе, пронајдена дрога

Полицијата ги приведе A.J.(37), И.Н.(34) и И.Д.(36), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
„По претходно добиена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес во неколку објекти на подрачјето на ОВР Свети Николе, при што била пронајдена и одземена поголема количина на марихуана“, соопшти МВР.
По насока на Јавен обвинител против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетничка од Чашка повредена во сообраќајна несреќа

Вчера во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од улицата „Илинденска“ со улицата „Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист: сообраќајна незгода на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Вчера вечер во 21.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на „Градашорска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.У.(34) од Велес, а со престој во Струмица, и мотоцикл „јамаха“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од И.В.(53) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Со секира се обидел да ја нападне сестра си: кривична против 23-годишник од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против 23-годишниот Б.С. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 10.04.2025 во Штип, пријавениот со секира оштетил врата во семејниот дом, обидувајќи се физички да ја нападне неговата сестра, а притоа постапил и спротивно на решение од Основен суд Штип.