Црна хроника
Претреси на осум локации во Сарај и Ѓорче Петров, на две лица одреден притвор
Вчера во заедничка координирана акција на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Интервентна полиција, како и Оперативен тим потраги при СВР Скопје, по претходно добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на осум локации на подрачјето на Ѓорче Петров и Сарај, кај Б.Л.(27), Е.Ш.(35), Х.Л.(22), А.Ш.(28) и А.Ш.(28), А.З.(25), Ѓ.К.(27), Л.И.(19) и Д.М.(24).
При претресите пронајдени се докази за сторено кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик за “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, а во врска со претходно пронајдена поголема количина на муниција и автоматско огнено оружје на 23.08.2023.
Во полициска станица се приведени две лица, а се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и лишување од слобода и на други лица инволвирани во кривичното дело.
Од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против лицата за кои се обезбедени докази, а се обезбедуваат докази и за други инволвирани лица. Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на две лица им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

