Црна хроника
Претрес во Виничко, пронајдени дрога и оружје
Вчера, во 10.55 часот, на Јакимовски пат во Виница, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница го лишиле од слобода 27-годишниот Д. Ѓ. од село Јакимово, Виничко, извести МВР.
„При претрес кај него и во неговото патничко возило ‘фолксвгаен пасат’, без регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашеста материја, марихуана, дробилка и воздушна пушка. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с. Јакимово, при што биле пронајдени и одземени пиштол и предмети со остатоци од прашеста материја“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Насилство во Скопје: жена нападната од поранешниот партнер, ја натепал и нејзината малолетна сестра и им го кршел инвентарот
Дваесет и петгодишна жена од Скопје пријавила дека на 27 септември, околу 13.30 часот, во семејниот дом на подрачјето на Драчево таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од нејзиниот поранешен партнер А. Ф. (34) од Скопје.
Притоа мажот искршил и дел од покуќнината.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во дневниот полициски билтен има уште неколку пријавени случаи на семејно насилство.
Денеска 34-годишна жена пријавила дека на 29 септември околу 18.00 часот во семејниот дом во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.К. од Скопје.
Истиот ден, 29-годишна жена пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот сопруг З.С.(34) од Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 31.08.2024 пред продажен објект во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата партнерка, при што и нанел телесна повреда, објави МВР.
Црна хроника
Кривична пријава за 82-годишен прилепчанец поради полово вознемирување малолетници
Полицијата поднесе кривична пријава против П.Н.(82) од прилепско село, поради постоење основи на сомнение за полово вознемирување.
На 26 август во селото, пријавениот, полово вознемирувал три малолетници, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Татко со закана ги зел своите деца од прифатен центар за бездомници, каде што биле со мајката, полицијата го приведе
Синоќа, на подрачјето на Гази Баба, полицијата го приведе А. Ш. (24) од Скопје по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во селото Визбегово, Скопско, со закана со остар предмет и физичка сила, од својата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел двете малолетни деца.
Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на мајка им.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава, објави МВР.