Црна хроника
Приведени пет улични дилери во Скопје
Вчера и денес на подрачјето на Скопје полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје преземаа акција за откривање и сузбивање на улични дилери со дрога при што лишени до слобода се пет лица и тоа:
– на подрачје на Аеродром е лишен од слобода Т.Ј.(31) од Скопје затоа што по извршен претрес по издадена судска наредба во неговиот дом се пронајдени марихуана и две дигитални ваги,
– на подрачје на Карпош се лишени од слобода Б.Т.(50) и Д.Т.(50) двајцата од Скопје затоа што кај Д.Т. се пронајдени марихуана и прашкаста материја и
– на подрачје на Карпош се лишени од слобода И.П.(32) и М.Д.(37) двајцата од Скопје затоа што по извршен претрес по издадена судска наредба во домот на М.Д. е пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

