Црна хроника
Приведени четири лица во скопски Центар, кај нив пронајдена дрога
Во периодот 2/3.6.2022 на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири лица, бидејќи кај нив била пронајдена дрога.
На 2.6.2022 во 19:15 часот бил лишен од слобода Г.Л.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 3.6.2022 во 00:10 часот бил лишен од слобода С.Ѓ.(28) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена бела прашеста материја, а во 00:15 часот лишен од слобода бил С.П.(20) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана.
Малку подоцна, во 1:20 часот на истото подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Г.П.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела тврда материја.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Силување, снимање и уцена: Обвинителството поднесе обвинение против едно лице
Обвинителството поднесе обвинение против едно лице поради полов напад и силувањe и уцена.
На 3 декември обвинетиот, спротивно на јасно изразена волја и со примена на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, извршил друго полово дејствије врз една оштетена. Ја принудил да влезе во изнајмен апартман, каде сакал да ја присили на сексуални односи. И се заканил со нож дека ќе ја заколе, па и нанел и повреди со ножот на левата нога и слабината. Се јавувал кај неговата сопруга и кај други лица на кои им кажувал дека ќе ја заколе оштетената, држејќи го ножот под нејзиното грло, а потоа и наредил и ја принудил жртвата на други полови дејствија.
Целиот настан го снимил со мобилниот телефон. Два дена подоцна, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, телефонски и се заканил на жената дека видео клипот на кој таа го задоволува ќе го објави на социјалните мрежи и на нејзини пријатели доколку не му даде 2.500 евра. Жртвата пријавила и следниот ден било организирано примопредавање на обележани банкноти. Веднаш откако му ги предала парите, обвинетиот бил уапсен.
Бидејќи се уште постои опасноста од бегство и можноста обвинетиот да го повтори делото, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
Црна хроника
13-годишно дете нападнато во Карпош, полицијата го истражува случајот
Во полицијата било пријавено дека 13-годишно момче било физички нападнато од четворица малолетници на подрачјето на Карпош, соопшти полицијата.
Во пријавата се наведува дека нападот се случил околу 14:30 часот, а малолетниците, кои биле познати на семејството, физички го нападнале момчето, при што еден од нив употребил и тврд предмет.
По нападот, како што се наведува, на малолетникот му биле упатени и закани поврзани со неговите двајца браќа.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Измама во Тетово: Двајца пријавени за земање пари за лажно посредување во Центарот за социјални работи
Две лица од Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело – измама.
Според полицијата, настанот се случил во октомври 2024 година, кога Х.А. (58) довела во заблуда лице од Тетово, уверувајќи го дека може да му помогне со посредување во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, со цел тој и неговата сопруга да остварат надомест за помош и нега од друго лице.
Откако го уверила оштетениот дека ќе ја заврши постапката, заедно со С.Р. (51) од него побарале потребни документи и парични средства. Подоцна, барањето за надомест било одбиено, а парите, како што се наведува, не му биле вратени.
По преземените мерки, СВР Тетово поднела кривична пријава, а случајот е доставен до надлежните институции за понатамошно постапување.

