Црна хроника
Приведено лице од Липковско, превезувал огревно дрво без соодветна документација и употребил исправа со невистинита содржина
Вчера, во 9.45 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, кај наплатна станица Романовце, го лишиле од слобода 26-годишниот Ј. С. од село Гошинце, општина Липково, извести МВР.
„Во товарно возило ‘ивеко’, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина буково огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација. Притоа од извршениот увид во приложените документи биле констатирано дека бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓа со бројот на возилото поради што постои основано сомнение дека употребил фалсификуван документ“, соопшти МВР.
Лицето е приведено, пронајдените дрва се предадени на Шумската полиција Куманово, а по целосно документирање на случајот, против Ј. Ц. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

