Црна хроника
Приведен дилер од демирхисарско, пронајдено и оружје
Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Демир Хисар- ОКП Битола на 26.08.2022 го лишија од слобода Д.Ѓ. (43) од с.Вардино, Демир Хисар.
Тој неовластено набавил 37 семки од растението Cannabis и ги засадил во близина на неговата куќа, а инсталирал и систем за нивно наводнување.
На 26.08.2022 по претходно добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Д. Ѓ., при што пронајдени и одземени се 37 стебла марихуана, метал детектор, ловна пушка „Црвена застава“, пиштол „VZOR“ 50 калибар 7.65мм со рамка со 3 куршуми, револвер 838М калибар 6мм, дигитална вага, футроли за пиштол, четка за чистење на оружје како и околу 80 куршуми од различен калибра.
СВР Битола до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.
При преглед на теренот на парцели во с. Варадино и С. Единаковци од страна на полициски службеници од СВР Битола на три локации пронајдени се и одземени и 52 стебла марихуана со различна висина и развиеност и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

