Црна хроника
Приведен жител на Арачиново поради транспорт на 100 кг марихуана
На 25.08.2022 од страна на полициски службеници од Биро за Јавна Безбедност -Одделот за Криминалистичка Полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Куманово во с.Никуштак, Куманово лишен е од слобода С.И. (40) од с.Арачиново, Скопје.
Лицето е лишено од слобода како резултат на спроведена истрага со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случај на заплена на 100 кг наркотична дрога марихуана на 31.03.2022 во Штип.
Во рамките на истрагата обезбедени се материјални докази за инволвираноста на наведеното лице во случајот.
Во координација со СВР Скопје ЕНТДО и интервентна полиција, по претходна издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што биле пронајдени мобилни телефони и сим картички.
Денеска (26.08.2022) по поднесен предлог од страна на надлежниот Јавен Обвинител од ОЈО за ГОКК до Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на лицето С.И. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и истиот е спроведен во истражен затвор Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.