Црна хроника
Приведен крадец во Струмица, пронајдено украденото

Денеска полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Г.П. (40) од Струмица поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица. При претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот. Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина моторџија во сообраќајна несреќа на патот Дебар – Струга

Триесет и тригодишен жител на Кичево загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Дебар – Струга.
Според информациите на МВР, вчера во 14.30 часот во Полициската станица Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на с.Отишани, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(33) од Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка М.Ј.Г.(42) од Скопје, констатирани во Општата болница Дебар.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Дебар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Лишени од слобода четири лица на подрачјето на СВР Тетово, возеле побргу од дозволеното

Вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири лица, извести МВР.
Во 15.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, Ф.С.(29) од с.Палатица, тетовско, управувал патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час надвор од населено место.
Во 15.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, Џ.А.(36) од Скопје управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички со брзина од 156 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Во 16.00 часот на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, Ф.Љ.(25) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 106 километри на час каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.
Во 16.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, С.С. (45) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки со брзина од 160 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Охрид, со стаклен предмет нападнал скопјанец

Денеска во 02.15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.П.(24) од Охрид, кој претходно во селото Песочани, општина Дебрца, со стаклен предмет го нападнал Ж.К.(45) од Скопје.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.