Црна хроника
Приведен крадец од Куманово

Синоќа во 15:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (26) од Куманово.
Тој се сомничи дека извршил кражба во склад за огревни дрва на булеварот Трета македонска ударна бригада и во деловен објект на улицата Иво Лола Рибар, од каде одзел повеќе предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
Тие во временски период од најмалку шест месеци, заклучно со 09.07.2025 на парцели во општина Шуто Оризари во сопственост на М.К. постапиле спротивно на законските одредби и без да поседуваат дозвола за управување на отпад на предметните парцели складирале и транспортирале отпаден материјал, а на 09.07.2025 околу 08.45 часот складираниот отпад се запалил и бил предизвикан неконтролиран пожар.
Од страна на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РСМ извршени се мерења и утврдено е зголемено ниво на загаденост од горењето на складираниот отпад.
Црна хроника
Кривична пријава за штипјанец – отрул две кучиња, а едно усмртил со автомобил

Полицијата поднесе кривична пријава за штипјанец – отрул две кучиња, а едно усмртил со автомобил.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.К.(72) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убивање и мачење животни“.
На 14.04.2025 во с. Долно Трогерци, штипско, пријавениот во два наврати фрлил храна со отров, од што биле отруени две кучиња во сопственост на Т.С..
Исто така, на 06.07.2025 пријавениот, со патничко возило усмртил куче.
Црна хроника
Откриен незаконски лов на белвици во Охридското Езеро

Синоќа во периодот од 02.00 до 04.00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спречување на незаконит риболов.
Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи“ со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми.
Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за понатамошна постапка.