Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница
Денеска, во 12.20 часот, во селото Горно Соње, Скопско, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода 46-годишниот Ј. В. од Куманово, со живеалиште во Скопје, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

