Црна хроника
Во Скопје е приведен цверцер на мигранти

Денеска, (1.11.2022), во 7 часот, на улицата Дижонска во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С. С. (40) од Скопје.
Тој бил осуден на пет години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело шверцување мигранти по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување три години и девет месеци.
Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдено е исчезнатото 13-годишно девојче од Скопје

Вчера полицајци во скопското село Варвара го пронашле 13-годишеното девојче чија мајка пред два дена пријави дека ќерка ѝ исчезнала, соопшти МВР.
„На 24.02.2025 во 13:20 часот во с.Варвара, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле М.Р.(13) од Скопје. За неа на 23.02.2025 незјината мајка Е.Р.(52) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот“, пишува во билтенот на МВР.
Црна хроника
Насилство во женското одделение во Идризово, осуденичка е тешко повредена

Во женското одделение во затворот „Идризово“, пред два дена, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Во пресметката, како што информираа од полицијата, учествувале осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца гостиварци купиле ист стан, МВР го расчистува случајот

Двее лица од Гостивар на возрааст од 42 и 58 години, пријавиле дека биле измамени од Џ.С. – сопственик на градежна компанија од овој град.
Според пријвеното, тој на двајцата им продал ист стан во зграда во Гостивар.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.