Црна хроника
Приведен маж во Тетово, кај него се пронајдени речиси 6 милиони денари, 28.575 евра, пет златни лири
Полициски службеници на СВР Тетово во содејство и координација со Девизниот инспекторат на Министерството за финансии, денеска околу 12 часот, на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово, го лишиле од слобода 65-годишниот А.Ш. од тетовско Слатино, извести МВР.
– Тој се сомничи за „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ и за „неовластено продавање или купување на готовински странски пари и платежни средства и чекови“, согласно членовите 54 и 55 од Законот за девизно работење, велат од Министерството.
Како што соопшти МВР, во неговото возило „фиат панда“ со тетовски регистарски ознаки и во неговиот дом, со судска наредба, извршен е претрес, при што во возилото и кај него пронајдени се: 5.815.150 денари, 28.575 евра, 1320 франци, 1000 долари и 5 златни лири.
Парите, златните лири и возилото со потврда се одземени, а А.Ш. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

